Нестандарден збор - категорија

обезбедувач повеќе

мн. обезбедувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што обезбедува некого или нешто.
Англиски: security person, bodyguard
Примери:
обезбедувач во банка

облакодер повеќе

мн. облакодери
Вид збор: Именка, машки род
Висока зграда на многу катови.
Англиски: skyscraper

огноопасен повеќе

огноопасна
Вид збор: Придавка
Што е лесно запалив, опасно во близина на оган.
Англиски: flammable Албански: i ndezshëm
Примери:
Огноопасни материи се транспортираат во специјални возила.

одомаќен повеќе

Види и: одомашен (прид.)
одомаќени
Вид збор: Придавка
одомашен
Англиски: domesticated
Примери:
одомаќени зборови

оригами повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Јапонска уметност на создавање фигури со диплење хартија.
Англиски: origami

оружен повеќе

оружениот
Вид збор: Придавка
Што е извршен со оружје.
Англиски: armed
Примери:
Две лица загинаа во оружен напад.

отисне повеќе

отиснат
Вид збор: Глагол, свршен
создаде отпечаток
Англиски: imprint
Примери:
Понекогаш двојникот молчи, ништо не му вели; стои како скаменет, како кип отиснат од глина.

отпушок повеќе

мн. отпушоци
Вид збор: Именка, машки род
Остаток од испушена цигара.
Англиски: stub
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш